Концерт

16 септември, 2017

Сара Мејс на 26 септември ќе слета на концерт во Скопје

Со неодамна објавениот хит сингл Небо“, Сара Мејс го најави проектот насловен „Floating Through Space With Sarah Mace“, а заедно со својот екипаж пејачката на 26 септември ќе слета на својот концерт што ќе се одржи на плоштадот „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Пригответе се за првото приземјување директно од вселената! Капетан на бродот е сребрената космонаутка Сара Мејс и нејзиниот екипаж составен од две стјуардеси, двајца аранжери на летови, тројца музички акаунти, еден режисер на улоги, еден инженер на бранови, и еден шеф на екипажот. Поминете 1 час на земјата во духот на креативно бескраен, неуморно уникатен и безкомпромисно футуристички карактер на вселенски звук! Под отворено небо, на бесплатна незаборавна вселенска забава и авантура“, пишува во соопштението за настанот поддржан од Град Скопје, кој ќе започне во 20 часот.

Капетан: Сара Мејс (вокал, харфа)
Стјуардеси: Теа Богатинова, Калина Велковска (вокали)
Аранжери: Неврус Бајрам, Иван Петровски (гитари)
Музички акаунти: Филип Димишковски (клавијатури), Виктор Филиповски (прекусии), Александар Ванчовски (тапани)
Режисер: Дејан Митровиќ (бас гитара)
Инженер: Горан Гешовски
Шеф: Ивица Јанкуловски



Врати се горе ↑