26 јуни, 2014

Сара Мејс и „Девојките“ со акапела верзија на макфестовската „Денот да е убав“

Веќе многу добро ѝ е познато на македонската јавност дека младата  Сара Мејс е секогаш расположена за создавање музика која ги освојува сите. Последното нешто што го слушнавме од неа беше на „Макфест 2014“ каде со одличен сценски настап и изведба ја шармираше публиката. Придружувана од ревискиот оркестар, таа ја испеа нејзината нова песна „Денот да е убав“, зад која стои како комплетен автор, текстописец и аранжер. И додека се очекува и официјалната студиска снимка од организаторот, Сара реши да нè изненади со уште една необична изведба.

Имено, станува збор за соработката на Сара Мејс со нејзините колешки кои направија една одлична акапела изведба на „Денот да е убав“. Женската група која се претставува под името „Девојките“ ја сочинуваат: Марта Атанасовска, Марија Пападинова, Теа Богатинова, Сања Зукиќ, Емилија Илиевска. Комплетниот материјал е снимен во Студио Торус, а за видеото беше задолжен Кристијан Теодоров.

Инаку од Горила продукција велат дека ова видео е само најава за музичките изненадувања кои допрва треба да ги очекуваме од Сара Мејс и нејзиниот тим. Како звучи акапела верзијата на макфестовскиот хит на Сара можете да слушнете во горе, а доколку Ви се допаѓа можете да го симнете на овој линк.



Врати се горе ↑