22 декември, 2015

Сара Мејс и Биг бендот на МРТ ви посакуваат „Среќна Нова година!“

Празничната атмосфера штотуку доби нов лик. Сара Мејс и Биг бендот на МРТ посакаа на интересен начин да им ги честитаат новогодишните празници на сите љубители на музиката, од мали до големи. Новата песна и видео запис се насловени како и што прилега на овој период од годината и како што сакаме да ви посакаме:Среќна Нова година!

Видеото е дело на „Горила филмс“, аранжманот е на Љупчо Мирковски, музиката на Горјан Стојановски, текстот е на Сара, а песната е снимена во студиото на МРТ. Како изгледа и звучи оваа прекрасна празнична честитка можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑