Видео

28 мај, 2019

Сара Мејс го најави новиот албум со „Копито“

По неколкумесечна пауза од музичката сцена, Сара Мејс се враќа со нов проект насловен „Femme Fatale“, а како најавен сингл од претстојното издание денеска стигна темата „Копито“. Станува збор за уште една соработка со колегата Александар Ристовски Принц, кој освен што гостува на гитара, се потпишува и како автор на музиката и на екранизацијата, а во создавањето на „Копито“ учествуваа и легендите Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани.

Шареното видео се снимаше во аква-паркот во Скопје, а за секогаш уникатниот изглед на Сара се погрижи Фран. „Femme Fatale“ ќе го наследи проектот „Floating Through Space With Sarah Mace“ од 2017 година, а повеќе детали се очекуваат наскоро. Како звучи и изгледа новото „Копито“ на Сара Мејс, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑