Македонија

7 мај, 2019

Сара Мејс е „Фатална жена“

По пауза од неколку месеци, Сара Мејс се враќа на музичката сцена со нов сингл со интересен наслов, а уште во првите неколку секунди може да се заклучи дека во темата насловена „Копито“ прсти вмешал Александар Ристовски Принц, кој исто така се појавува во штотуку објавената видео-најава.

Претстојниот сингл е прв нов материјал од Сара после минатогодишниот албум „Floating Through Space With Sarah Mace“, каде што се сместени сингловите „Небо“, „Време“ и „Црна капина“, а го најавува новиот проект насловен „Femme Fatale“ или „Фатална жена“. Додека очекуваме повеќе детали околу новото издание, слушнете како ќе звучи и изгледа новото „Копито“ на Сара Мејс!



Врати се горе ↑