Македонија Sara3 (1)

11 февруари, 2014

Сара Маркоска одигра „Private Show“

Слатката мала принцеза која ја гледавме како весело игра во видеото за нејзиното „Зелено светло“, Сара Маркоска се претвори во прекрасна секси девојка каква што до сега не сме ја виделе и одигра провокативни сцени за потребите на снимањето за новиот видео запис. Видеото кое го режираше Александар Ристевски Принц се работеше за новиот сингл на Сара „Private Show“, чијшто композитор и продуцент е Зоран Алексиќ, а текстот го напиша Рената Кралевска.

„Пресреќна сум што конечно ќе го издадам мојот нов сингл, отпеан на англиски јазик. Текстот во песната е провокативен, па затоа одлучивме да направиме и таков спот. Уживав во секој момент од снимањето, одиграв многу интересни сцени за кои се погрижи мојот кореограф Јана Андреевиќ и искрено едвај чекам да го видам комплетното видео издание“ – изјавува Сара.

Запуштена стара фабрика во Скопје, студио и градски улици се дел од локациите на кои се снимаше видеото за  „Private Show“. Синглот ќе биде интернационално издаден во текот на месецов од страна на Sky Eye Entertainment во соработка со најголемите европски и американски издавачи и дистрибутери, а во Македонија песната ќе биде промовирана заедно со видео записот.



Врати се горе ↑