Македонија sara markoska

29 октомври, 2012

Сара Маркоска е победничка на МакФест 2012

Композицијата „После него“ во изведба на дебитантката Сара Маркоска е победничката песна на дваесет и седмото издание на фестивалот за завбавни мелодии МакФест 2012. Маркоска покрај победата, доби и награда за најдобар дебитант. Прекрасната балада е потпишана од популарниот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски.

Добитници на другите награди кои се доделуваат на овој фестивал се следните:

Најслушана песна помеѓу два фестивала: Дарко Илиевски и Никола Пауновиќ – Јас сум тој

Најдобар дебитант: Сара Маркоска

Најдобар сценски настап: Кристијан Тодороски Кико – Одиме до крај на граници

Најдобар текст: Огнен Неделковски за „Кога си одиш“ на Иван Раденов

Најдобар аранжман и наградата „Драган Ѓаконовски – Шпато“: Зоран Алексиќ за „Не ме заслужуваш“ на бендот Виктори

Награда „Тоше Проески“ за интерпретација: Тамара Тодевска – Готово е

Според жири комисијата, трите наградени композиции се:

1. „Готово е“ на Тамара Тодевска

2. „Мојот сон“ на Соња Кочиќ

3. „Пази ме ти“ на Александар Белов и Милица Мајсторовиќ

И според гласовите на публиката:

1. Сара МаркоскаПосле него

2. Тамара ТодевскаГотово е

3. Биба ДодеваСети се штом заврне

Имено ова е втора победа по ред на дебитанти од потрагата по М2 ѕвезда, честитки за победата на Сара Маркоска која успеа за шест гласови повеќе да се протне и да го остави зад себе фаворитот Тамара и нејзината „Готово е“.  Во продолжение погледнете го победничкиот настап.

 

 



Врати се горе ↑