Македонија sarah 6

6 декември, 2012

Сара Костадиновска со титула „Најдобар странски студент “ во Р.Бугарија

Вчера во Софија, во Националниот Дворец на Културата се проведе официјалната церемонија „Студент на годината“. Во конкуренција од 80 студенти, меѓу кои и азијати, украинци и др., наградата „Најдобар странски студент на годината” за 2012 година и беше врачена на македонката Сара Костадиновска, повеќе позната на јавноста како Сара Мејс и како ексклузивка на Горила продукција, или девојката од дуото Цимерките. Сара студира во Нов Бугарски Универзитет и е IV година. Учи композиција во класата на проф. Стефан Драгостинов, харфа во класата на проф. Малина Христова и поп и џез пеење во класата на Камелија Тодорова.

Минатата година Сара освои прва награда на натпреварот по композиција „Борис Христов” со композиција за баритон и харфа „Петро ле Петровленко”, трета награда по композиција на меѓународниот натпревар „Млади виртуози” со композиција за виолина, виолончело и харфа „Three testaments”. Има сертификати за 30 часова работилница на Николо Коцев, семинар на Сузана Клинчарова (Франција). Соло концерт на Сара Костадиновска „Волшебната приказна на харфата”, специјално гостување на мултимедиен спектакл „Харфата е извор на инспирација”, гостување на концерти на Нокаут– Антички театар во Охрид и Битола, учество во фестивали  Spirit of art & Future sound of Sofia и др.

Националната награда „Студент на годината”  доделува вкупно 12 награди. Од вкупно 80 номинирани студенти, се доделија награди на  10-те најдобри кандидати во првата сфера на конкурсот, во соответните области на образованието,  една награда за „Странски студент на годината” и една награда за „Студент на годината”. Конкурсот е под покровителство на премиерот на Р. Бугарија г-н Бојко Борисов и министерот на образованието, младината и науката Сергеј Игнатов. Во жирито беа министерот на министерот за здравство, министерот на културата, министерот за трудот и социјалната политика, председателот на Националното претставништво на студентските совети и др.



Врати се горе ↑