18 април, 2013

Сара Барелис со нова песна го најави третиот албум

Американската пејачка, текстописец и пијанистка, Сара Барелис (Sara Bareilles) пред неколку години ги освои сите топ листи со нејзиниот хит „Love Song“, кој се најде на нејзиниот официјален деби албум „Little Voice“ , издаден во 2007  година, по кој следуваше и вториот „Kaleidoscope Heart“ во 2010. А сега, како најава за нејзиниот трет студиски албум насловен „The Blessed Unrest“, Сара го претставува новиот сингл „Brave“, кој заеднички го потпишува со еден од членовите на популарната група Фан., Џек Антаноф.

Овој сингл ќе биде достапен на АјТјунс од 23-ти април, а новиот албум е закажан за 16-ти јули. Како звучи новиот материјал можете да слушнете во симпатичниот текстуален видео запис горе.

 



Врати се горе ↑