Аудио сиа

8 ноември, 2017

„Santa’s Coming For Us“ е првиот празничен сингл на Сиа

Како што ви пренесовме неодамна, австралиската хитмејкерка Сиа годинава ќе го претстави своето прво празнично издание во нејзината кариера, а албумот насловен „Everyday Is Christmas“ го најави со првиот сингл „Santa’s Coming For Us“, кој можете да го слушнете во продолжение.

 

Песната е една од десетте нумери што ќе бидат сместени на новиот албум, секоја од нив комплетно авторско дело на Сиа и долгогодишниот соработник, продуцентот Грег Крстин, а целиот празничен пакет е закажан за 17 ноември. Имајќи предвид дека на насловната фотографија е веќе редовната визуелна замена на Сиа, Меди Зиглер, веројатно можеме да очекуваме (барем) уште едно танцувачко видео со младата ѕвезда.



Врати се горе ↑