15 февруари, 2018

Сања Лефкова со нов „Почеток и крај“

По песните „Среќа“ и „Врати се“, Сања Лефкова се враќа на музичката сцена со модерна балада  насловена „Почеток и крај“. Видеото за истата го работеше „Томато продукција“, а Сања за таа пригода се врати во Македонија и самата се појавува во спотот, наместо да ја глумат манекенки како во претходниот.

Во видеото Сања е облечена во неколку различни креации на Ива Спасовска, накитот што го носи на себе е позајмен од „Русевска дизајн“, а фризурата и шминката се дело на Владимир Трајковски и Ивана Атанасовска.

На самото снимање беше направена и новата фотосесија, која пејачката ја реализираше со „Имиџ фото“.

Сања Лефкова со сопругот и нејзиното тригодишно синче Никола веќе 2 години живее надвор од Македонија, каде повремено има и настапи. Таа деновиве напорно работи на нови песни кои треба да се реализираат во студиото на композиторот Александар Масевски, чиј потпис стои и на песната „Почеток и крај“, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте горе. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑