Македонија Sanja

18 ноември, 2015

Сања Лефкова се враќа со „Среќа“

Новата песна на Сања Лефкова е насловена „Среќа“ и всушност, по подолга пауза, го означува нејзиното повторно враќање на сцената и го опишува нејзиното внатрешно чувство за изминатиов период во кој таа основа семејство и за прв пат стана мајка. Комплетен автор и продуцент на оваа песна е Александар Масевски, со кого Сања соработуваше и за нејзиниот познат хит „Пауза па плеј“.

„Среќа“ ќе добие и свој видео запис снимен под режисерската палка на Александар Ристовски Принц и ќе биде презентиран на јавноста во најскоро време. Фотографиите за специјално по овој повод направената фотосесија ги изработи младиот Стефан Соколовски – Бадстеф, а пак стајлингот, шминката и фризурата ги направи Фросина Ангелковска – Фран (Make up & Fashion designer Frosina Angelkovska -Fran).

Песната може да се слушне во радискиот етер, а наскоро се надеваме и на интернет. Повеќе од финалните фотографии од оваа сесија ќе видите многу наскоро, но еве за почеток 2, за да добиете претстава за што се работи.



Врати се горе ↑