Македонија сања

14 ноември, 2017

Сања Лефкова подготвува нов „Почеток и крај“

Македонската поп-пејачка Сања Лефкова Христова веќе две години живее во англиската престолнина Лондон. Тргна да се усоврши на неколку месеци, потоа го повлече и семејството. Таа таму почна музичка кариера, се пријави и на „Британија има талент“, а пак сопругот стана шеф во кујната на ресторанот на најпознатиот готвач на светот – славниот Џејми Оливер!

IMG_3550

Но, никаде не е како дома, па пејачката деновиве повторно се врати во Скопје и за Вистина.мк открива дека работи на нова модерна балада насловена „Почеток и крај“. Деновиве Сања снима и видео спот со„Томато продукција“, потпомогната од стилисти и кои се погрижија таа да изгледа женствено и поралично од порано.

IMG_3542

Лондон сè уште останува нејзина одредница, како и настапите таму, но пејачката не ги запоставува ниту студиите на универзитетот МИТ, чие заштитно лице е токму таа. Како ќе звучи и изгледа во новиот „Почеток и крај“, ќе видиме наскоро, а додека ја очекуваме премиерата на новиот сингл, уживајте со минатогодишниот хит „Среќа“!

Извор и фотографии: Вистина



Врати се горе ↑