Аудио sanatorium-molitva

12 јули, 2014

„Санаториум“ се враќаат со „Молитва“

Легендарниот македонски треш метал бенд „Санаториум“ вчера ја објави својата нова песна насловена „Молитва“, која е првото музичко парче објавено по 13 години, откако 2001 го објавија својот последен албум „Санаториум“. Имено, новата песна ја создале во 2005 година, но ја доработиле во јануари годинава, кога ги снимија и песните „Молк“ и „Кажи НЕ“.

„Снимањето ќе продолжи во циклус од по три песни кои на крајот ќе бидат објавени во еден албум“, изјавил за „Телеграф“ тапанарот на бендот, Горан Атанасов, додавајќи дека новиот материјал сè уште го има препознaтливиот стил на „Санаториум“, но песните се малку позрели.

Групата која е присутна на музичката сцена од 1987 година, во 1992 го издаде својот деби албум „На работ на разумот“, по кој следеше турнеја низ Балканот од која произлезе вториот материјал наречен „Live In Hungary“. Иако во изминативе 13 години паузираа со нов материјал, сепак имаа бројни концерти настапи ширум регионот, а објавија и неколку видеа за песни од досегашните албуми. Љубителите на музиката на „Санаториум“ ќе можат да очекуваат самостоен концерт по објавувањето на албумот. Kако звучи нивната нов сингл „Молитва“ можете да слушнете во продолжение, а и бесплатно да го симнете од нивната веб страна.

 

Извор: Телеграф



Врати се горе ↑