9 април, 2015

„Санаториум“ го претставија својот „Молк“

Како што Ви пренесовме неодамна, Санаториум вчера го промовираше новиот видео запис за песната „Молк“Промоцијата се одржа во Младинскиот културен центар во Скопје, а денеска новото видео на легендите на македонскиот метал денеска ја доживеа и својата Јутјуб премиера на официјалниот канал на еден од најважните состави во современата македонска музичка историја.

Режисер и директор на фотографија на спотот е Горан Наумовски, а на монтажата и постпродукцијата, која беше сработена во студио  „Пигменто“, потпишан е Ванчо Мираковски. Покрај членовите на бендот, актерска улога има и Ивица Цонев, а во екипата која помогна во реализацијата на видеото се и Тони Стојановски, Виктор Николовски и Горан Стојилковиќ. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑