Балкан

14 декември, 2017

„Самостални референти“ се како „Меднес“ – Еден чекор понапред!

Српскиот ска-состав „Самостални референти“ сними своја верзија на хитот „One Step Beyond“ од легендарните „Меднес“ (Madness), сето тоа во рамките на проектот „Влијанија“ (Influences), кој го спроведува Амбасадата на Велика Британија во Србија и студентскиот културен центар во Нови Сад. Оваа интересна верзија на култната песна се најде на компилацијата „Infuences“, а сега доби и своја екранизација.

„Ова домашно видео не е спот, туку само вметнавме снимка од роденденскиот концерт за убаво да ја проследи песната и да нè прикаже како голем бенд“, духовит е Пеџа, пејачот на „Референтите“. „Песната ’One Step Beyond’ веќе неколку години ја изведуваме на концертите, но сакавме да ја снимиме во малку поинаков фазон. Сале Седлар ни помогна околу аранжманот, нашите дувачи напишаа поинакви дувачки линии со тн. ’етно-призвук’, бидејќи сакавме песната да добие автентичен печат од нашите простори“, додава тој.

524184_856290364433253_5207109648982675195_n

„One Step Beyond“ оригинално е песна на Принс Бастер (1963), но сепак ја прославија „Меднес“: „Тие се, на некој начин, и нашите музички примери. Минатата година, под интересни околности ги запознав Сагс (пејачот) и Вуди (тапанарот), пред натпреварот Челзи-Евертон. Двајцата се големи навивачи на тој клуб. Интересно е што Сагс дури и на почетокот на кариерта бил исфрлен од бендот бидејќи повеќе одел на натпревари отколку на пробите на бендот“, се сеќава Пеџа на судбоносната средба и открива дека „после 15 пива и сајдери, договорено е Референтите да бидат предгрупа на ’Меднес’ штом дојдат да свират во регионот“.

„Самостални рефенренти“ и понатаму ќе лобираат за „Меднес“ да засвири на нашите простори, а дотогаш… еден чекор понапред!



Врати се горе ↑