Македонија

5 февруари, 2019

Самохрана мајка од Прилеп е новата ѕвезда во шоуто „Никогаш не е доцна“

Со емотивна изведба на темата „Додири од стакла“ од Нина Бадриќ, Милена Јованоска од Прилеп го воодушеви жирито во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Јованоска има 45 години, со музика се занимава од 14 години, а нејзината мајка сакала да стане оперска пејачка. Првиот ТВ-настап го имала на 16 години на Македонска телевизија.

По вокација е негувателка, но никогаш не работела по струка. Од вонбрачна врска има 11-годишен син кој самата го одгледала, пишува „Гранд онлајн“. Со учеството во „Никогаш не е доцна“ сака да го сврти вниманието на сите мајки кои имаат ист или сличен проблем како нејзиниот.



Врати се горе ↑