24 март, 2016

„Само за љубав“ е новиот хит на Даниел Кајмакоски

Даниел Кајмакоски го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Само за љубав“,  чија музика и текст ги потпишува Александра Милутиновиќ, а аранжманот и продукцијата се дело на Дарко Димитров, додека екранизацијата ја изработи продукцијата „ЛЦФ медија“. Песната има и македонска верзија, а препевот на стиховите го направи Огнен Неделковски.

Премиерата на новата песна доаѓа после само неколку дена по победата на Кајмакоски во последната епизода од емисијата „Твоето лице звучи познато“, каде што го видовме во улога на Тина Тарнер, а во следната епизода ќе го имитира Горан Бреговиќ.

 



Врати се горе ↑