13 март, 2015

„Само Тони и две жени“ нè потсетија на хитот „Магија“

Триото Само Тони и две жени“ продолжува да ни подарува одлични преработки на најголемите македонски хитови, па после Еј би си“ и „Маре Маријана“, на ред дојде макфестовскиот хит Магија, со кој истоимената група победи на фестивалот во 1998 година.

„Се надеваме дека ќе ве потсетиме на уште една македонска песна која ја покажува вредноста и потврдува дека имаме квалитетна македонска музика!!! Уживајте!“, порачаа Тони, Марија и Христина, а како звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Уште многу интересни преработки на „Само Тони и две жени“ можете да слушнете на „Јутјуб“.



Врати се горе ↑