29 јуни, 2015

„Само Тони и две жени“ ја претставија својата прва авторска песна „Глава ме стега“

Откако се стекна со огромна популарност благодарение на одличните преработки на познати македонски хитови, триото „Само Тони и две жени“ конечно нè израдува со авторски материјал. Станува збор за нивната прва оригинална песна „Глава ме стега“, на која како автори се потпишуваат членовите на групата – Антонио Ристески (музика и текст) и Марија Докузова (текст), а целосниот производ се снимаше во студиото „Риуајнд“ (Rewind) од страна на Ѓорѓи Вацев и Драган Гоцевски.

Интересната видео приказна е збогатена и со анимациите на Ана Петрова, а како изгледа и звучи првенчето на „Само Тони и две жени“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑