Видео само тони и 2 жени

12 октомври, 2017

„Само Тони и две жени“ го имаа најдобриот сценски настап на „Макфест 2017“

Минатиот викенд во Штип се одржа 32. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“, а меѓу наградените годинава беше и триото „Само Тони и две жени“, кое се погрижи да остави голем белег на манифестацијата. Имено, Тони, Тина и Маца, кои неодамна го прославија својот 4. роденден, се натпреваруваа со песната насловена „Луда мала“, а за одличната кореографија и сценографија заслужено се закитија со наградата за најдобар сценски настап.

22310376_1314805695298421_2496935546850305039_n

„Песната чекаше скоро две години за да биде промовирана на ’Макфест’. Освоивме награда за најдобар сценски настап, а тоа е повеќе и од доволно за нас како дебитанти на сцената на овој фестивал. Самата динамичност на песната бараше и живост во настапот, па затоа се споивме со актерот и режисер Ефтим Трајчов Ѓаурски, кој го реализираше сценскиот настап, но и самиот беше учесник“, изјави Антонио Ристески – Тони, кој воедно е и автор на музиката и аранжманот, а текстот е на Марија Докузова (Маца).

22281585_1314805641965093_5884150390298635230_n

Тој додаде и дека заради актерскиот и физички предизвик што го барала песната, подготовките траеле речиси два месеца, а идејата им била тие три минути на сцена да наликуваат на сцена од мјузикл. Во екипата што работеше на „Луда мала“ е и виртуозот Дамјан Пејчиноски, кој е заслужен за, како што велат од триото, најкул отсвиреното соло на гитара, потоа Ефтим Трајчов Ѓаурски во улога на режисер, кореограф, сценограф, учител, псиголот, а за малку ќе беше и личен фризер на двете жени, Галиче Настова, која се погрижи за гардеробата и безбедното кинење на фустанот на Маца, Ванеса Павлова Младеновска е заслужна за шминката, модна советничка им беше Сања Стрмбова, а Бранкица Јордановска го нацрта сценскиот дом.

Ние уште еднаш им честитаме за наградата на „Само Тони и две жени“, а како изгледаше сето тоа на сцената на „Макфест 2017“ можете да погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑