29 февруари, 2016

„Само таа знае како“ со ДНК‏

„Само таа знае како“ е најновата песна на Панчо и Андреј од музичкото дуо ДНК. Овој нов сингл веднаш доби и свој видео запис, со звучна мелодија, а истиот е и најава за новиот албум „Уште еден ден“, кој ќе биде промовиран во мај. Видео записот на кој стои потписот на „Томато продукција“, е снимен во скопско Трубарево во Македонски Железници и во лаунџ-барот „Дежа ву“ во Аеродром. Покрај Панчо и Андреј, главната улога ја има прекрасната Олгица Стрика од Куманово, која за прв пат се појавува на ТВ екраните.

„Навистина уживавме додека го снимавме спотот. Имено, целата приказна започнува откако јас и Андреј ја здогледуваме убавата Оле во еден бар и хангар, каде што нè измачува и максимално се изживува со нас. Остатокот им го оставам на нашите фанови да го погледнат во видеото и да дознаат што се случува на крај,“ изјави Панчо, најавувајќи го најновиот спот на музичкото дуо ДНК.

Музиката е заедничко дело на веќе проверениот тим, Панчо и Лазар Цветкоски, текстот е на Панчо, додека аранжманот е на Цветкоски.



Врати се горе ↑