Настани 62d75b5c-cf0e-40aa-8aae-383cb1ee54b8

11 јануари, 2017

Само до 15 јануари со една „Егзит“ влезница на четири „Егзит“ фестивали!

Голема празнична заштеда само до недела!

Само до 15 јануари трае најголемата празнична акција откако постои „Егзит“. Само дотогаш, сите купувачи на влезница за „Егзит“, ќе добијат на подарок влезници за преостанатите три фестивали на „Егзит лето на љубовта 2017“:  „Си денс“ на преубавата плажа Јаз во Црна Гора, прогласена од страна на „Лоунли планет“ за најдобра плажа во Европа; „Си стар“ во атрактивниот туристички комплекс „Стела Марис“ во Умаг и фестивалот „Револушн“ во историското село на периферијата на Темишвар во Романија. Влезниците по цена од 3.580 денари може да се купат во Македонија преку продажната мрежа на МКтикетс, односно во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

Во продажба се и многу ограничен број на туристички пакети за фестивалот „Егзит“ со цена од 69 евра. Пакетите содржат влезници и сместување во фестивалскиот камп на Дунав, а на сајтот на „Егзит трип“, официјалната туристичка агенција на „Егзит лето на љубовта“, може да се одбере и друг тип на сместување, во хотели, хостели или апартмани. Во понудата се и ограничен број на пакети за фестивалите „Си стар“ и „Си денс“, по цена веќе од 49 евра во кои влегуваат ноќевања во кампот на фестивалите, како и влезница, а има и опции со сместување во апартмани во рамки на фестивалскиот комплекс на „Си стар“ веќе од 9.99 евра за ноќевање по лице. Повеќе информации на www.exittrip.org.

EXIT Авантура 2016 – Магични моменти:

 

 

Четири регионални фестивали го чинат „Егзит летото на љубовта 2017“!

Тимот на „Егзит“ оваа година ќе спои дури четири фестивали во регионот во единственото „Егзит лето на љубовта 2017“. Прв во низата фестивали е „Си стар“, новиот фестивал во Истра кој на 26 и 27 мај ќе се одржи во туристичкиот комплекс на Умаг „Стела Марис“! Веќе е познат дел од програмата за главната бина која првата ноќ ја предводи еден од најпопуларните светски бендови „Продиџи“ (The Prodigy), а потврдени се и „Дубиоза колектив“ и „Урбан енд фор“ (Urban&4). Следниот фестивал на „Егзит лето на љубовта 2017“ е романскиот фестивал „Револушн“ во Темишвар, кој ќе се одржи на 2 и 3 јуни. Веднаш по фестивалот „Егзит“, кој ќе се одржува од 6 до 9 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, „Егзит авантурата“ како и претходните години продолжува со новото, веќе четврто издание на Си денс“ фестивал од 13 до 15 јули!

Сите четири фестивали во организација на тимот на „Егзит“ оваа година ќе го прослават јубилејот 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“, кога настана револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот, борејќи се за мир, слобода на говор, човекови права, односно општествена, расна и полова рамноправност. Како единствен современ музички фестивал кој е настанат од борбата за општествена промена и чија мисија е поврзување и регионална соработка, „Егзит“ на овој начин сака да ја зачува основната идеја од која настанаа и првите големи музички фестивали, уште кон крајот на шеесетите години од минатиот век, како што се „Вудсток“, „Монтереј“ и други, но и да ги пренесе пораките на тогашното движење кои на денешниот свет му се потребни повеќе од било кога.



Врати се горе ↑