Аудио аран

18 април, 2016

„Само дај ми“ е новата песна на Марио Арангеловски

Марио Арангеловски деновиве во етер ја пласираше својата нова песна насловена „Само дај ми“, во соработка со Слободан Величковиќ – Цобе. Песната е во поп и комерцијален бит, а музиката, аранжманот и миксот е во креација на Цобе, додека текстот е направен заедно во соработка со Марио.

Запрашан дали планира да излезе со видео спот за песната, Марио кратко одговори дека размислува за такво нешто, но засега сè уште конкретно не се одлучил. Како звучи новиот сингл на талентираниот кумановец можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 

Уште една интересна вест поврзана со младиот пејач е тоа што неговите песни ќе се слушаат и низ целиот свет.

„Штотуку бев контактиран од сопственикот на националното радио во Монтгомери, САД, кое истовремено се пренесува во Сан Франциско, Бостон, Рим, Париз и Манила. Налетал на моите видеа поставени на Јутјуб, слушнал неколку мои песни и ме замоли да му ги пратам на имејл како би имал моја согласност да ги емитува на неговата радио станица“, соопшти Арангеловски на Фејсбук.

ма

 

 



Врати се горе ↑