Македонија

31 мај, 2019

Само 10 песни од конкурсот ќе се пеат на „Макфест 2019“

Од вкупно 67 композиции пристигнати на Конкурсот за избор на композиции за „Макфест 2019“, Селекционата комисија на Фестивалот по три преслушувања одлучи да ги прими следните десет (10) композиции со работни наслови и автори:

01. ДОПИР НЕЖЕН – Роберто Поп-Димитров (музика/текст/аранжман)
02. ОДИ СИ – Виктор Апостоловски (м/т/а)
03.  ЖИВОТ БЕЗ ЉУБОВ – Весна Малинова (м/т)
04. ТОА Е СЕ` – Весна Малинова (м/т)
05. ЗРАК – Столе Аврамов (м/т/а)
06. ЗНАМ – Бобан Василевски (м/т/а)
07. МАГИЈА – Томислав Коцевски (м/т)
08. ФАНК – Принц (м/т/а)
09. БЕЗ ТЕБЕ НЕМА КОЈ ДА МЕ УТЕШИ – Игор Шарески (м/т/а)
10. НАЈМИЛА – Тони Карапанчевски (м), Хари Котларовски (а), Јовче Воденичаровски (т)

Дирекцијата на Фестивалот го задржува правото преостанатите потребни композиции да ги обезбеди по пат на нарачка од авторски тимови.

Согласно Правилникот на Фестивалот, за веќе одбраните композиции авторските тимови во консулатација со уметничкиот директор Владимир Дојчиновски треба да ги изработат официјалните верзии. Доколку во договорениот рок истото не биде направено, дирекцијата на Фестивалот го задржува правото на местото на таа композиција да определи друга.

Извор: Радио Штип



Врати се горе ↑