За Вас IMG_20151104_124437

9 ноември, 2015

„Сама“ на Исидора Бјелица на македонски јазик

Новиот роман на една од најмаркатните фигури во српската литература, Исидора Бјелица, насловен како „Сама“, наскоро ќе биде преведен на македонски јазик. Оваа интимна исповед ќе ѝ биде достапна на македонската читателска публика благодарение на реномираната издавачка куќа „Просветно дело“. Станува збор за автобиографски роман за дел од животот на Исидора Бјелица за кој досега никој не знаел ништо.

Хероината во романот „Сама“ патува низ светот, заминува во Мексико во потрага по клучот на разбирањето на нашето битие и смисла, не знаејќи дека одговорот всушност се наоѓа во нејзиното срце… И кога многу години подоцна ќе се соочи со крајна безнадежност, кога ќе помисли дека сите ја напуштиле и дека останала сама, ќе сфати дека патот до срцето на саканиот води преку сопственото срце.

Романот „Сама“ е уште еден на листата бестселери на Исидора Бјелица, кој воедно беше и најпродавано издание на неодамна завршениот Саем на книга во Белград.

Фотографија: Официјализирање на соработката – Исидора Бјелица со Татјана Димовска – Атанасова од „Просветно дело“



Врати се горе ↑