Промоции 229111_107468079340116_8026394_n

11 април, 2013

Сале Рокерот и Бора Чорба Ве канат на промоција

Утре (петок, 12-ти април) во „City Bar“ во центарот на Скопје со почеток од 14 часот, Сале Рокерот ќе ја промовира својата нова песна и видео записот за истата. Темата насловена „Јас не сум луд“ (Ја нисам луд) е отпеана во дует со легендарниот музичар, пејач, поет и лидер на групата Рибља Чорба, Бора Ѓорѓевиќ – Бора Чорба, кој воедно е и автор на текстот на српската верзија.

Промоцијата во организација на Премиер продукција ќе започне со мала прес конференција, а потоа ќе следува „афтер ворк“ забава, а покрај претставници од медиумите, ќе можат да присуствуваат сите љубители и поддржувачи на музиката на Сале и Бора, кој е специјален гостин и се очекува да запее заедно со Сале.

Ова е нивна втора соработка, а првата беше за песната насловена „Пресуда“, на која можете да се потсетите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑