Видео

5 ноември, 2018

Сале Рокер ја пушти во етер баладата „Остани“

Македонскиот пејач и музички менаџер Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер, во етер ја пушти баладата „Остани“ со која настапи на  последниот „Охрид-фест – Охридски трубадури 2018“.

По досега неговата комерцијално најуспешна тема и видеото за неа насловена „Мост“, која се појави во текот на летото, оваа песна води во малку помирни води, но секако не отстапува од неговиот препознатлив стил, кој Сале – Рокер грижливо го гради и негува – базичниот, полнокрвен рокенрол. Токму затоа и за „Остани“ може да се каже дека е рок-балада, без оглед што е изведена на еден фестивал како „Охрид-фест“, кој Сале го искористи за медиумска промоција на своето ново остварување.

Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Андриески, додека аранжманот на песната го потпишува Драган Ристовски. Како звучи „Остани“ и како изгледаше нејзината фестивалска изведба на „Охрид фест 2018“ од нејзиниот автор и изведувач Сале Рокер проследете во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑