Настани

11 јули, 2018

Сајси Ем-Си на „Бич филм-фестивал“ и „Блендер“

Српската хип-хоп и треш-дива Сајси Ем-Си ќе настапи на првото издание на „Бич филм-фестивал, на плажата Оревче, во Охрид. Нејзиниот настап е резултат на соработката меѓу Бич филм-фестивал и „Блендер“, фестивалот за децентрализирана култура, кој се труди да ги поттикне и поддржи индивидуалците и организациите во промовирањето на културата и уметноста во балканските мултиетнички општества, меѓу кои е и Македонија.

„Целта на ’Блендер’ е поставување темели за слични акции и случувања што директно ќе ја збогатат локалната културна сцена и ќе создадат плодна почва за самоорганизирање и иницијатива“, велат организаторите.

Фотографија на Блендер - фестивал за децентрализирана култура.

Извор и фотографија: Нова Македонија



Врати се горе ↑