Свет miley7

2 декември, 2012

Сајрус сепак нема да го замени Џоунс во „Два и пол мажи“

Штета! И покрај гласините дека Мајли Сајрус ќе го замени актерот Енгус Т. Џоунс во популарната ТВ серија „Два и пол мажи“, тоа сепак нема да се случи. Но, тоа не значи дека нема воопшто да ја видиме во уште една или повеќе епизоди. Сајрус во серијата ја играше улогата на Миси, девојка во која се вљуби ликот на Џоунс, Џејк Харпер.

„Се надевам дека во одреден момент ќе можам да гостувам во серијата, бидејќи тоа беше навистина одлично искуство за мене и уживав во секој момент.“ – изјавила Мајли. Дури и главната ѕвезда на шоуто, Ештон Кучер се согласил дека таа го „украде“ шоуто: „Таа само влезе на сцената, ги прочита нејзините редови и ги освои сите. Можеме да станеме два и пол мажи и една четвртина жена“ – рекол Кучер, а пишува Popcrush.

Уште една причина за таа да се врати е и нејзиниот позитивен став во однос на серијата, за разлика од Џоунс. Таа рекла дека ова е единствениот вид на ТВ шоу во кое ужива целото нејзино семејство.

Извор: Popcrush.com

 



Врати се горе ↑