Видео

5 август, 2018

„Сајпрес хил“ се враќаат со „Band of Gypsies“

По пауза од осум години, легендарната хип-хоп група „Сајпрес хил“ се враќа на сцената со нов сингл како најава за својот осми по ред студиски албум насловен „Elephants on Acid“, кој ќе го наследи „Rise Up“ од 2010 година. Станува збор за темата „Band of Gypsies“, за која екипата вели дека е во нивниот препознатлив стил.

„Не дека не го сакавме последниот албум, но сакавме нешто со нашите карактеристични вибрации, што всушност и го постигнавме! Тоа е чист ’Сајпрес хил“ албум, од почетокот до крајот“, изјавил Сен Дог, додавајќи дека во почетокот на деведесеттите години, кога започнале со музичка продукција, звучеле како никој друг дотогаш. „Звучевме како ние, а ова е уште едно продолжение“, заклучил тој.

Како што е најавено, новиот албум ќе биде објавен на 28 септември, а освен тоа, легендарната група најави и зимска турнеја во Велика Британија, каде ќе ги посетат Манчестер, Лидс, Глазгов, Бирмингем и Лондон. Како звучи нивниот повратнички сингл дознајте во продолжение. Уживајтe!

 



Врати се горе ↑