Балкан simon-cowell

24 октомври, 2013

Сајмон Кауел го најави почетокот на X Factor

Идејниот творец и најпознатиот традиционално најстрог член на жирито на X Factor, Сајмон Кауел испрати видео порака во која го најавува почетокот на регионалното издание на овој музички натпревар, кој ќе започне да се емитува во вторник, 29-ти октомври со почеток од 21.15 часот на телевизиите Пинк и Сител во Македонија.

Покрај тоа што е идеен творец на овој музички натпревар, Кауел е и сопственик на продуцентската куќа SyCo, а на победникот на регионалниов X Factor, покрај локалната поддршка од дискографската куќа Сити Рекордс, ќе му биде овозможена и соработка со продукцијата Sony.

Кауел веќе ја испрати својата асистентка Еби Дојл, која му ги пренесе сите впечатоци од снимањето на овој проект во реализација на продукцијата МБК, а неговото присуство се очекува до февруари, кога е закажано и супер финалето.

 

 



Врати се горе ↑