Концерт 1ae3f256-9ac2-4935-8c06-da606c9dcb61

8 ноември, 2017

Сајберпанк пионерите „Киборг“ се враќаат на сцената!

КИБОРГ, култното име на македонската сајберпанк музичка сцена кое во музичката архива се запишува и како првиот индустријал бенд во Македонија, по 20 години се враќа на сцената и тоа со концерт кој ќе се одржи на 2 декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје! Со овој потврден настап во живо, „Киборг“ ја збогатува програмата на ПИН музичката конференција и шоукејс фестивал, организирана во рамките на ТАКСИРАТ!

КИБОРГ започнува кон крајот на минатиот век – летото ’95 во Скопје.

Многу луѓе минуваат низ бендот, но поради раната фаза на трансплантација, се појавија проблеми со инфекции, отфрлање на делови и силни воспаленија.

По многу жртви, конечната постава беше дефинирана.

Направија неколку свирки, фестивали и се разбира, последнато шоу во ’96 со „Young Gods“, кое им обезбеди место во музичката историја.

Во 1996 година издаваат лимитирана касета со 6 песни.

По 20 години, истите членови повторно се собраат за да продолжат со својот изворен сајберпанк, да проповедаат малку и се забавуваат …

КИБОРГ се: Дарко Јаневски – вокал, Перо Стефановски – гитара, Горан Атанасов – тапани, Влад Каевски – клавијатури.

 

Концертот на „Киборг“ во Скопје е во рамките на завршната вечер на ПИН – единствената меѓународна музичка конференција и шоукејс фестивал во Македонија која ќе се одржува од 30 ноември до 2 декември во МКЦ! Со овој меѓународен музички настан, „Таксират“ во Скопје ги претставува врвните имиња од европската музичка индустрија во дневната панел-програма, додека ноќите на ПИН се резервирани за концертите на најпотенцијалните артисти на новата музичка сцена од Европа и регионов. Само во концертната програма, македонската публика ќе има прилика да ужива во повеќе од 20 настапи за време на трите дена на ПИН. Покрај „Киборг“, веќе се потврдени настапите и на „Лајрс“ (С.А.Д. / Австралија), Марио Батковиќ (Швајцарија), „Баба Зула“ (Турција), „Итс евриуан елс“ (Словенија), „Визељ“ (Србија), „Ексесив визаж“ (Германија), а наскоро ќе бидат објавени уште многу музички артисти и гости на овој настан.

89915868-1981-456d-8741-b375f5b7b208



Врати се горе ↑