Настани Sahara Balkanski miroven festival 1

15 септември, 2013

Сахара Групацијата го посветува месец септември на мирот и против насилството

Со моќните звуци на тапаните, изведбата на поп ѕвездата Викторија Лоба и 40 деца танчери, точно на пладне од Плоштадот Македонија уште еднаш беа испратени пораки за мир на претстојниот Сахара балкански мировен фестивал. Од центарот на Скопје одекнаа звуците на мирот кон другите градови од околните држави. Фестивалот се најавува со настапи во живо низ градските улици, а слични настани и изненадувања ќе следат во текот на целиот месец, затоа што компанијата Сахара Индија Паривар го посветува месец септември на мирот и против насилството.

„Прекрасна идеја и одличен начин за да се испрати една силна порака. Затоа сите јавни личности, од естрадата, културниот или политичкиот свет, треба да го поддржат Сахара балканскиот мировен фестивал“ – изјави Викторија Лоба.

Вакви настапи за најава на фестивалот ќе се организираат и во градовите од другите околни држави каде исто така ќе се случуваат несекојдневни и впечатливи јавни настапи. И позади тоа се крие една од пораките на Сахара балкански мировен фестивал, дека во посакувањето и градењето на мирот треба да бидеме единствени и сплотени.

Покрај Глобалната химна на мирот, испеана од голем број на познати пејачи, која што ќе биде промовирана на првиот ден од фестивалот, некои од главните настани ќе бидат Факел на мирот, Полноќна прослава на Камен мост, Церемонија во Спомен куќата на Мајка Тереза, Конклава на мирот, Самит за мирот, Награда за мир, Залог за мир и уште многу други.

Околу педесет светски лидери поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, Холивудски ѕвезди, претставници од Балканските земји ќе бидат дел од гостите на Сахара балканскиот мировен фестивал, кој ќе се одржи во Скопје на 2-ри октомври. Овој датум е избран како роденден на Махатма Ганди и прославуван од Обединетите Нации како Меѓународен ден против насилството. Организацијата на фестивалот е спонзорирана од Сахара групацијата, под покровителство на Владата на Република Македонија.

Во наредните неколку денови, ќе биде објавена официјалната програма на Фестивалот заедно со листата на официјални гости.



Врати се горе ↑