Концерт saf

8 април, 2015

„С.А.Ф.“ со концерт по повод 15 години „Сафизам“

Иако одамна музички пензионирани (првите рап пензионери во МКД), „С.А.Ф.“ Ве покануваат на прослава на 15-годишнината од издавањето на албумот „Сафизам“!

„По тој повод со нашите гости во МКЦ ќе се почестиме со една меѓусебна концертна дружба само за вистинските фанови на добрата хип-хоп музика од сите генерации… Овој семинар на хип-хопот има за цел да одбелжи еден клучен момент во македонската музичка сцена а тоа е издавањето на ’Сафизам’… Културолошки, музички, метафизички албумот ја претсавуваше македонската хип-хоп сцена на достојно ниво, доследно приготвувајќи го патот за генерацииите кои доаѓаат… ’Сафизам’ е официјално првиот винил на поствоен Балкан и водено еден од највлијатлните и најквалитетните музички остварувања на овие простори кои инспирирале нови генерациии да се посветат на урбаната уметност и да креираат… Во 2000 година на 25 април во клубот ’Сачмо’ се случи промоцијата на ’Сафизам’, сега 15 години подоцна во МКЦ ќе се собереме во полн состав да ја презентираме формулата за правење вистински хип-хоп: 1,2,3, Смилен, Гоце, Пикисипи“, порачуваат легендарните рапери.

Настанот е закажан за 24 април во МКЦ, а билетите по цена од 250 денари во претпродажба можете да ги најдете САМО на билетарницата на МКЦ, додека на денот на концертот (ако има) ќе чинат 300 денари.

 



Врати се горе ↑