22 септември, 2015

„С.А.Р.С.“ со нов видео запис за борба против семејното насилство

Белградската група „С.А.Р.С.“ го претстави видео записот за песната „Практична жена“, која се најде на актуелниот албум „Пролеќе“, а пораката која ја праќаат со ова видео сигурно ќе предизвика бројни позитивни реакции. Имено, Жаре и екипата во оваа пригода праќаат силна порака против семејното насилство и за понежниот пол претставуваат краток курс за самоодбрана.

„Не сакавме да направиме уште еден мрачен видео запис, во кој жените се со модринки, уплашени и немоќни. Се одлучивме за поинаков пристап со намера да ги охрабриме и да ги научиме како да се заштитат и одбранат доколку станат жртва на семејно насилство“, објаснија Душан Адамовиќ и Марко Ромчевиќ, автори на проектот „CrazyEnoughToChangeTheWorld“, во чии рамки и настана спотот, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑