Балкан

14 јули, 2018

„С.А.Р.С.“ призна дека „Тешко е“

Групата „С.А.Р.С.“ го објави спотот за песната „Тешко је“, кој е нивен трет сингл во последно време. Бендот за издавачката куќа „Маском“, претходно ги издаде сингловите „Живим на Балкану“ на почетокот од годината и „Љубав умире“ на 14 февруари. Ова е прва песна по пауза од речиси пет месеци.

Синглот е снимен во живо, а во таа пригода се направени и кадри кои се искористени во видеото, и како што велат членовите на бендот, така на вистински начин ќе се пренесе и енергијата која тие ја почувствувале додека ја создавале песната.



Врати се горе ↑