Концерт

14 јуни, 2018

„С.А.Р.С.“ на „Битола отворен град 2018“

Предводниците на регионалната рок-сцена, „С.А.Р.С.“ се главните ѕвезди на големиот концерт на 17. издание на фестивалот „Битола отворен град“, кој ќе се одржи во четврток, на 28 јуни, на плоштадот „Гоце Делчев“, односно на Широк сокак во Битола. Истата вечер, битолчани ќе имаат можност да уживаат и со скопското трио „Фанк шуи“, како и со „Продиџи лајв трибјут бенд“.

Фотографија на MKC Bitola.

Фотографија на MKC Bitola.

Меѓу досега потврдните настани е и вечерта посветена на Милан Младеновиќ и легендарните „Екатарина Велика“. Во рамките на мултимедијалниот настан насловен „60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ – како и понатаму да е тука“, кој е закажан за 30 јуни (сабота) во пациото на битолскиот музеј, ќе бидат прикажани видео-спотови, документарен филм, фотографии, по што ќе следи концерт со најголемите хитови на ЕКВ од најавтентичниот трибјут-бенд „Деца из воде“.

Фотографија на MKC Bitola.

Фотографија на MKC Bitola.

„Битола отворен град“ ќе се одржува од 25 до 30 јуни, а повеќе информации за програмата се очекуваат наскоро.



Врати се горе ↑