Концерт 851x

9 април, 2014

С.А.Р.С. и Тајзи подготвени за спектакл на утрешниот концерт во Скопје‏

Утре (четврток, 10 април) во „Експо Центар“ во Скопје, еден од најбараните авторски бендови во регионот С.А.Р.С.  ќе одржи голема концертна промоција на својот нов албум „Иконе Поп Културе“. Станува збор за четвртото студиско издание на српскиот алтернативен бенд, кое брзо поставува нови рекорди на групата, на што во прилог одат и рекордно распродадените последни концерти низ регионот. Утревечер, покрај хитовите со милионски прегледувања на интернет музичките канали, фановите на С.А.Р.С. ќе имаат прилика прв пат да ги чујат во живо и новите нумери кои ги носи албумот „Иконе поп културе“.

Едно од главните музички имиња на т.н. Нова Српска Сцена, С.А.Р.С. за овој настап подготвува неповторливо доживување за скопската публика: „Очекуваме само публиката да нè дочека како што правеше и до сега. Доаѓаме да направиме добра журка, а ако публиката биде расположена ќе направиме спектакл!“ – изјавија С.А.Р.С. пред утрешниот концерт (линк).

Дополнителна потврда дека вечерта во Скопје ќе биде незаборавна забава е и гостувањето на еден од најактуелните млади артисти на домашната сцена, ТАЈЗИ. Драган Величковски – ТАЈЗИ кој ќе ги претстави своите хитови од албумот „Нешто поинакво“ кој ја одбележа 2013 закитувајќи се и со признание за „Албум на годината“.

Во меѓувреме, доколку сè уште не сте го преслушале новиот материјал на С.А.Р.С., не заборавајте дека групата во јануари годинава бесплатно го објави албумот „Иконе поп културе“ кој можете да го преземете од нивниот сајт за да бидете целосно подготвени за она што нè очекува утре во „Експо Центар“.

Почетокот на концертот е закажан во 22:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен во 21:00 часот.

По распродажбата на промотивните влезници за овој концерт, нивната актуелна цена во претпродажба изнесува 300 денари, додека утревечер, на билетарата на „Експо Центар“ билетите ќе се продаваат по полната цена од 350 денари.

Претпродажбата на влезниците се спроведува во продажната мрежа на МКтикетс:
• Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол), Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
• Во Скопје: Југотон ГТЦ 1 кат, Кафе Круг (Аеродром), Кафе Браво, МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево.
• Онлајн преку интернет страницата на МКтикетс.



Врати се горе ↑