Аудио sars

14 јануари, 2015

„С.А.Р.С.“ го објави првиот албум во живо

Белградскиот состав „С.А.Р.С.“ на 1 јануари го објави својот прв албум во живо насловен „Мир и љубав“. Изданието, кое претставува пресек на досегашната кариера и своевидна компилација на најдобрите хитови, содржи 15 песни изведени на триумфалниот концерт одржан на 25 октомври 2014 година во исполнетиот Дом на спортови во Загреб, кој членовите на „С.А.Р.С.“ го доживеале како „два и пол-часовен излив на меѓусебна љубов меѓу загрепската публика и бендот“.

Албумот е објавен за „Лампшејд медија“ (Lapmshade Media), која цеде изданието планира да го објави како заедничко издание со „Далас рекордс“. „Мир и љубав“ во дигитален формат е објавен на сервисот „Дизер“.

Љубителите на зимските спортови, кои викендов ќе уживаат во Маврово, ќе имаат можност да присуствуваат на нивниот концерт на отворено, закажан за 17 јануари (сабота).

 



Врати се горе ↑