Концерт saf

24 април, 2015

„С.А.Ф.“ вечерва ќе прослават 15 години „Сафизам“!

Иако одамна музички пензионирани (првите рап пензионери во МКД), „С.А.Ф.“ Ве канат на прослава на 15-годишнината од издавањето на албумот „Сафизам“! По тој повод, со гостите ќе се почестат со една меѓусебна концертна дружба само за вистинските фанови на добрата хип-хоп музика од сите генерации… Овој семинар на хип-хопот има за цел да одбелжи еден клучен момент во македонската музичка сцена, а тоа е издавањето на албумот „Сафизам“.

Културолошки, музички, метафизички албумот ја претставуваше македонската хип-хоп сцена на достојно ниво доследно приготвувајќи го патот за генерацииите кои доаѓаат. „Сафизам“ е официјално првиот винил на поствоен Балкан, воедно и еден од највлијателните и најквалитетните музички остварувања на овие простори кои инспирирале нови генерациии да се посветат на урбаната уметност и да креираат.

„Во 2000 година на 25 април во клубот ’Сачмо’ се случи промоцијата на ’Сафизам’, сега 15 години подоцна ќе се собереме во полн состав да ја презентираме формулата за правење вистински хип-хоп: 1,2,3, Смилен ,Гоце, Пикисипи!!!“ 

Настанот, кој првично беше предвиден да се одржи во МКЦ, заради големиот интерес ќе се одржи во Скопски саем, вечерва (24 април) со почеток од 21 часот. Карти во претпродажба во 1/2 Југотон и мрежата на „Купи карти за сè“ низ државата по цена од 250 ден, а вечерва на врата ќе чинат 300 ден.



Врати се горе ↑