Свет Man-with-the-iron-Fists-RZA-as-The-Blacksmith

24 октомври, 2012

RZA со режисерско деби и саундтрак

Уште еден музички артист се пробива во филмската индустрија. Деновиве беше промовиран видео записот за насловната нумера од саундтракот за режисерското деби на раперот RZA, кој е член на Wu Tang Clan. Песната „The Baddest Man Alive“ ги спои раперот со рок дуото The Black Keys, а на саундтракот покрај нив со свои нумери се јавуваат и Канје Вест, Метод Мен и други музички имиња.

Раперот своето првенче со наслов „The Man with the Iron Fists“  го претстави неодамна на филмската конвенција Comic-Con, притоа изјавувајќи дека многу ја сака филмската уметност која е  на иста бранова должина со музиката и дека тие едноставно се преплетуваат. Во филмот улогите ги играат Расел Кроу, Кунг Ли, Луси Лу и самиот RZA, а е препорачан само за повозрасна публика бидејќи има премногу сцени со секс и насилство.

Албумот кој ги содржи песните од филмот е пуштен во продажба од 22ри октомви, а во продолжение погледнете го видео записот на неговиот најавен сингл.

 



Врати се горе ↑