Македонија

19 јули, 2019

Руски бенд украде песна од Тоше Проески

Битките за прекршување на авторските права се мошне честа појава на Западот, особено кога станува збор за плагијаризам, односно копирање дури и на најмал извадок од авторски материјал без дозвола од легитимниот сопственик. Се чини дека ваков прекршок направи и рускиот бенд „Земљане“, кој во февруари годинава ја објави песната „Боже“, чија музика е сосема идентична со хитот „Боже, чувај ја од зло“ на нашиот Тоше Проески.

Ова особено ја разлути македонската публика, која остави бројни коментари под објавената песна на Јутјуб, бидејќи како автор на музиката е наведен Владимир Трушин, додека за стиховите бил задолжен Владимир Киселев. 

„Оваа песна е од големиот хуманитарец Тоше Проески“, „Засрамете се што ја украдовте неговата песна“, „Барем споменете го оригиналниот автор и изведувач“, се дел од коментарите на македонските корисници на оваа платформа.

Оригиналната верзија на Тоше, која е сместена на неговиот последен албум „Игри без граници“ (2007), е дело на хрватските автори Миро Буљан и Антонија Шола, па дали тие дале согласност или допрва ќе се огласат по ова прашање, останува да видиме.



Врати се горе ↑