21 август, 2015

„Run Baby Run“ е новиот сингл и видео запис на битолчаните „Гаврнмент“

Битолскиот алтернативен/инди рок состав „Гаврнмент“ (The Government), кој изминатава година полека, но сигурно ја освојува балканската алтернативна сцена, деновиве го објави видео записот за својот најнов сингл насловен „Run Baby Run“.

Песната е дело на самите ченови на бендот (Горан Јаневски – гитара, вокал; Златко Никодиновски – гитара, вокал; Александар Тунев – тапани и Томе Спасовски – бас, вокал), а за екранизацијата снимена на повеќе локации низ Битола се погрижија Стојанчо Лембовски, Горан Лембовски, Виктор Таповски, Владимир Михајловски, Владич Бошковски и Златко Никодиновски, кој се јавува и како режисер, а монтажата е на Томе Спасовски.

Голема благодарност изразуваат до Марија Здравковска, Владимир Ѓоргиевски и Слободан Рајковски, а како изгледа и звучи „Run Baby Run“ можете да погледнете горе.

Битолчаните летово го поминаа работно, а следниот настап од нивната летна турнеја, кој е во рамките на „Бит фест 2015“, е закажан за утревечер, 22 август (сабота), пред Домот на армијата (Офицерски дом) во Битола.



Врати се горе ↑