Настани Rudimental - foto za soopstenie

13 ноември, 2013

Рудиментал во Скопје на 15-ти декември

На 15-ти декември во салата „Експо Центар“ во Скопје, Авалон продукција ја носи најбараната британска атракција Рудиментал, кои со незаборавен диџеј сет пред македонската публика ќе го претстават својот деби албум „Home“. Само за потсетување, во 2012 година со излегувањето на нивниот прв сингл Feel the Love” заедно со пејачот Џон Њуман, директно се зацврстуваат на првото место на британската сингл листа. Нивните следни два сингла Not Giving In” и „Waiting All Night”со пејачката Ела Ер исто така стигнуваат до првото место на британската сингл листа, а нивниот деби албум „Home” ја добива наградата за најдобар албум од страна на Barclaycard Mercury 2013.

Рудиментал доаѓаат во Скопје во рамките на нивната светска турнеја. Еден ден пред настапот во Скопје имаат свое шоу во спортската сала Христо Ботев во Бугарија, која е скоро распродадена. Рудиментал го потврдија и своето Новогодишно headline шоу заедно со Продиџи во лондонската О2 арена, а секако за издвојување е и нивниот настап на Snowbombing  фестивалот во Австрија заедно со Продиџи  и Кемикал Брадрс.

Како гостин на Рудиментал во Скопје, со свој диџеј сет ќе настапи еден од најпопуларните балкански диџеи SevdahBABY. Сите информации околу продажбата и цената на влезниците ќе бидат познати во петок, 15-ти ноември.

 



Врати се горе ↑