Настани orandz-festival1

11 јули, 2015

„Рудиментал“ на Илиден во Охрид

Британската атракција „Рудиментал“ повторно доаѓа во Македонија! По настапот во 2013 година во Скопје, популарниот драм-ен-бејс квартет се враќа кај нас на 2 август во Охрид. Забавата, за која е најавено дека ќе трае повеќе од шест часа, ќе се одржи на плажата „Немо“ во Охрид, а ќе биде во рамките на првото издание на „Оринџ фестивал“, кое на 1 август ќе го отвори познатиот германски диџеј и продуцент Том Нови.

Формирана во 2010 година, групата „Рудиментал“ се здоби со популарност во 2012 година благодарение на соработката со Џон Њуман за темата „Feel The Love“, а го освои светот со мегахитот „Waiting All Night“, во кој гостува колешката Ела Ер и кој ја одбележа 2013 година. Зад себе го има првенчето „Home“ (2013), наградено со БРИТ и МОБО награди за најдобар албум, а својот втор студиски албум насловен „We the Generation“ ќе го објави на 18 септември годинава.

 

„Во Охрид доаѓаат првпат и возбудени се поради можноста да ја направат најголемата журка на отворено ова лето. Рајдер листата е со скромни и едноставни барања“, велат организаторите, „Прагма продукција“.

Цената на влезниците за Том Нови е 200 денари, а за „Рудиментал“ 500 денариИстите можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, на плоштадот во Охрид, „ЗЗ топ“ во Охрид, како и во локалните кафулиња и плоштади низ Македонија.

 



Врати се горе ↑