Концерт

31 јануари, 2019

„Рок-опера“ со Македонската филхармонија

Најлегендарните рок-песни и најдобрите звуци испреплетени во одлично и возбудливо искуство за публиката – вака е опишан претстојниот концерт на Македонската филхармонија насловен „Rock The Opera“, кој ќе се одржи на 12 април.

Публиката ќе има можност да ужива со изведбите на класици како што се „Shine On You Crazy Diamond“, „Comfortably Numb“, „Echoes“, „Another Brick In The Wall“ од „Пинк флојд“, како и „Highway Star“, „Fireball“, „Smoke on The Water“, „When A Blind Man Cries“ од „Дип парпл“, „The Show Must Go On“, „We Are The Champions“ и „Kind Of Magic“ од „Квин“ и „With Or Without You“ и „Where The Streets Have No Name“ од „Ју-ту“.

Влезниците по цени од 1.200, 1.400, 1.600 и 2.000 денари се пуштени во продажба на „Купи карти за сè“ и во „Пола Југотон“.



Врати се горе ↑