Аудио rokbulevar1

24 јули, 2013

Рок Булевар го најави вториот албум со „Вила“

Првиот сингл од претстојниот втор албум на белградската група Рок Булевар насловен „Звук слободе“ е песната „Вила“. Напоредно со интензивните концертни активности, Рок Булевар во последниве месеци интензивно работат и на новите песни кои ќе се најдат на вториот албум кој се очекува до крајот на годинава. Резултат од работата во студио е песната „Вила“, а вредната белградска четворка веќе го најави и следниот сингл насловен „Киша је падала“, кој ќе биде претставен со видео запис.

Во текот на месец август, Марко Видојевиќ и екипата ќе настапат на бројни фестивали, меѓу кои и познатата Гитаријада во Зајечар. Во продолжение слушнете ја новата „Вила“.

 

 



Врати се горе ↑