Македонија PM band

21 октомври, 2012

Рок бендот „Пи Ем“ со своја интернет страна

Бендот e официјално формиран на 22 април 2008 година од Борис Цветановски, вокал и Нино Спиркоски, гитара.  Првичното име е “PEACEMAKERS”. Како четиричлен состав, момците решаваат името на бендот да се промени во “PM”, (Пи Ем) по што се јавуваат првите авторски амбиции.

Во јуни 2011 излегува првиот сингл насловен „Се двоумам”. По издавањето на првиот сингл, од “PM” заминува басистот Бојан Новевски.Во бендот се приклучува Мартин Ивановски, човекот кој ги сплотува различните музички интереси и размислувања на останатите членови. Настанува нова, позитивна атмосфера и сериозно се пристапува кон подготовка на авторски материјал.

Различноста на “PM” од другите млади македонски бендови беше набргу препознаена од сериозната македонска музичка куќа “План Б Продукција” со која бендот почна да соработува и во тој период излезе првиот видео запис на “PM” за песната насловена “Разбуди ме”.

Повеќе информации за овој бенд кој ќе настапи оваа година на Макфест имате на нивната официјална интернет страна  www.pmrockband.com.

 



Врати се горе ↑