16 мај, 2013

Рок Агресори Ве носат на „Хаваи“

Рок Агресори деновиве го претставија видео записот за песната „Хаваи“, која се најде на албумот „Агресор Фискултура“. Автор на музиката и текстот е Зоран Трпков (Фалус Агресор), додека музичкиот аранжман е на Александар Ристовски – Принц, кој ги отсвири гитарите, бас гитарата и клавијатурите во песната, а се потпишува и како режисер на видео записот. Како изгледа овој интересен и шарен видео запис, за чија костимографија се погрижи Розе Трајчевска, можете да погледнете горе, a песната во мп3 формат можете да си ја симнете на овој линк.



Врати се горе ↑